1077

by Фокус

КОЛКУ ПАРИ ЌАРИЛ ОД СЕКТАШКАТА ФОНДАЦИЈА СОРОСОИДОТ ИВАНОВ?
Ѓорге Иванов бил член на УО на Фондацијата Сорос од 2002 до 2004? Во јуни 2011 година Груевски се сретна со Сорос во Прага? Сега фрлаат анатеми врз УСАИД што финансирала некои граѓански проекти. Ама кога Груевски беше советник на српската влада, за овој ангажман бил платен од УСАИД, со американски пари. Значи, добри се сите пари, ама не е добро кога пастирот не им ги распределува на своите дворјани од експертутска и колумњарска провениенција.

ОРИГИНАЛЕН ИЗУМ
Министерот Чавков реши да го стегне обрачот околу Шарената револуција, казнувајќи ги демонстрантите што фрлаат боја. Дали на Фамилијата ќе ѝ успее да ја замолчи Шарената револуција, особено ако почне да ги наплаќа високо проценетите штети врз објектите од проектот „Скопје 2014“

ФИНАНСИСКИТЕ ЗОНИ ТРЕБАШЕ ДА БИДАТ ПЕРАЛНИЦА ЗА ЦРНИТЕ ПАРИ НА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ
Зулфи Адили, единствениот пратеник од Унитети, во интервју за „Фокус“ вели дека политичката криза во државата започнала токму со партиската криза во ДУИ, кога партиски функционери се спротивставиле на предлозите за уставни измени со кои ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ требало да ги озаконот финансиските зона

РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ПРЕМРЕЖИЈА
Фамилијата ќе замине во историјата, но дали тоа ќе се случи порано или подоцна? Најголемата одговорност за тоа ја има лидерот на СДСМ. Затоа е добро да се разгледаат некои контроверзни одлуки на Заев во драматичните моменти од кризата и да се анализираат неговите грешки

СТРУЕН УДАР ВРЗ МАНИФЕСТОТ
Три изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ ги добиваше врз база на ветувањата во инфраструктурата и енергетиката – хидро и термоцентрали, нови рудници на јаглен, надградба на постоечките централи, па дури и изградба на нуклеарна централа. Наместо тоа, државата, со парите на ЕЛЕМ ќе гради „Рајски градини“

НЕКАЗНЕТО НАСИЛСТВО
МВР ниту во времето на Оливер Спасовски не успеа да ги открие насилниците што минатите години ги тепаа новинарите, зашто луѓето на Гордана Јанкулоска и Митко Чавков ги криеле доказите и ги оневозможувале истрагите. Тоа е една од причините што насилствата и хајките против новинарите продолжуваат

ТАЈМИНГОТ ДАВА, ТАЈМИНГОТ ЗЕМА
Западот во наредните месеци сѐ повеќе ќе се занимава со себе, отколку со нас. Така што, останува да сфатиме дека клучот е во нас самите. Отсекогаш таму и бил. За самиот да си ги засукаш ракавите и да си ги решиш проблемите – нема погрешно време. Секогаш е вистинскиот момент

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако дојде до братоубиствена војна, па дури и само во облик на обид, тогаш на Н. Г. му нема друг спас отколку жив да биде врзан за столбот на „Воинот на коњ“ и каменуван. Само така, како Божји деца, ќе можеме да ја искажеме нашата милост кон неговата грешна душа

Ана ПАНОВСКА
Да се продолжи по стапките на пржинскиот договор според кој двете страни треба да се усогласат да најдат решение за кризата!? Па, луѓе мои, Втората светска војна уште ќе траеше ако Господ пресудеше дека подеднаква вина за војната носат и Хитлер и Рузвелт, Черчил и Сталин

Александар ТОРТЕВСКИ
Луѓе што успеале да ѕирнат во сѐ уште неотворениот, а готов Кривичен суд, велат дека канцелариите на највисокиот кат се високи околу 160 сантиметри. Новоизбраните судии не само што ќе треба да поминат низ тефтерчето на Гордана, туку треба да прифатат функцијата да ја вршат клечејќи на колена

Гордана ПОПСИМОНОВА
Стеснетата свест на Груевски, никогаш нема да сфати дека покрај воздухот и водата, човекот не може да живее без слобода. Особено ако некогаш ја имал, а потоа некој на измама му ја одзел. Шарената револуција е сосема нормален производ на една вселенска глупост на една вселенски глупава клептократија