1076

by Фокус

ЗБОРОТ Е ЗБОР, АМА НЕ СО ПРЕВАРАНТИ И КРИМИНАЛЦИ!
Ако се анализира што за една година од бомбите влезе во графата – „остваривме“, човек треба и да биде задоволен. Од друга страна, ако ги апсолвирате итроштините со кои се убива Пржино, изгледа наивно со измамници и криминалци да се надеваш на договор што ќе го испоштуваат. И оние што бараат Пржино 3, зар веруваат дека со аболираните криминалци (груевци) и оние амнестираните со автентично толкување (ахметиевци), од трета мајка ќе ни тргне!?

ФАМИЛИЈАРНА МРЕЖА
Каква е спрегата на клучните луѓе од Македонскиот телеком, Фамилијата и МВР? Дали поставувањето проверени играчи на власта на клучни позиции е одиграно за да се организира и прикрие прислушувањето? Зошто Агенцијата за електронски комуникации молчи за скандалот?

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Истражувањето на БИРН открива дека директорот на кипарската компанија „Фертисимо“ е навистина вицепремиерот Владимир Пешевски. Тој тврди дека е свесен за пропустот со непријавувањето на компанијата во анкетниот лист

ДИЈАЛОГ НА „ПРЕДАВНИЦИ“
Режисерот Наум Пановски, кој живее и работи во САД и реномираниот српски писател Филип Давид, на 9 мај 2016 година, на денот на победата над фашизмот, водеа онлајн дијалог на релација Белград – Њујорк за воскреснувањето на национализмот и тоталитаризмот во земјите од поранешна Југославија

ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ
Што дека избори нема да има на 5 јуни? Што дека широка влада наскоро ќе се прави? И што ако падне аболицијата? Мора да се слави и кога ќе дојде ден во Идризово да се оди. Море, каква зандана, какви бакрачи, на роуд-шоу се спрема Фамилијата

ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ФФМ
Илчо Ѓорѓиоски, другар од детството на Никола Груевски, е прв челник на ФФМ во работен однос, каде што, патем речено, работат многумина негови блиски пријатели. Загрижените за фудбалското дереџе на Македонија, го обвинуваат за злоупотреба на касата на ФФМ

ВИСТИНСКИОТ ПАТ
Ако си корумпиран партиски послушник на ВМРО-ДПМНЕ и уживател во бенефитите од неговото владеење, што има поприродно од тоа искрено да веруваш дека не е во тебе проблемот! Зошто искрено да не поверуваш дека си јунак што сите украдени пари ги има чесно заслужено

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За да се истражи што навистина се случувало во македонското судство во изминатите десетина години, нужно мора да се појде по трагата на парите. Парите немаат мирис, но црните пари секогаш оставаат смрдлива трага

Ана ПАНОВСКА
Што да прави СДСМ кога гледа како од страна на ВМРО-ДПМНЕ масовно се изнудува и се потплаќа избирачката волја на добар дел од осиромашеното граѓанство и селанство? Нема друго, освен да го отвори ќесето и да активира некоја „финансиска бомба“

Александар ТОРТЕВСКИ
На Грујо му беше потребен апсолутно еднопартиски парламент, кој ќе имаше единствена задача да донесе закон за амнестија. Сепак, овој кибритчиско-криминален план пред време беше препознаен и од САД и од ЕУ

Гордана ПОПСИМОНОВА
Патриотизмот на груевистички начин, заснован на ексклузивистичка иконографија од типот „слобода или смрт“, нож и кама, домољуби и предавници, полека си заминува таму каде што му е местото – во музеите

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Една деценија на припадниците на Службата им се инсталира чип дека се потомци на „славното минато“. Таквата концептуализација креира држава со фолсистем и кодирана стварност во која властодршците можат да лажат и да крадат колку што сакаат