НАД 150 ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ ЌЕ ЈА УРНАТ ПРЕРОДБАТА?!
Како што ближи денот на демисионирање од премиерската функција, така сѐ повеќе ги има од заштитените сведоци. Изненадува или не, но информацијата дека за само еден кривичен случај во Специјалното обвинителство се бара тикет повеќе, во бројка што стасала до над 150 луѓе, е фрапантна!
ЗАЦРНУВАЊЕ ВО БЕЛАТА КУЌА
Пастирот никако да научи и да запамети. Не го барај тоа што не си го заслужил, оти ќе го заслужиш тоа што не си го барал! Ама, таква му е кармата. Исклучиво за домашни потреби, реши да се прошета до Вашингтон. Којзнае, можеби некој од таму нешто во таа смисла и му „потшепнал“
СО ОБЕДИНЕТА ДЕСНИЦА ЌЕ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА ГРУЕВСКИ
Во интервју за „Фокус“, Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“ открива дека има сериозни шанси за обединување на десницата, ама за кои личности станува збор, вели „нека остане мало изненадување“. Ангелов типува дека на изборите ќе биде тешко, можеби и изедначено, но верува во победа на опозицијата
СЕЛЕКТИВНА АМНЕСТИЈА
Откако парламентарното мнозинство ги отфрли иницијативите за амнестија на сите затвореници, шефот на државата помилува околу двесте осуденици. Меѓу нив се среќаваат и убијци, а токму ова дело беше исклучено од можноста за амнестија со закон
ПАРТИСКА ГАРДА
Во понеделникот беа избрaни новите седум членови на Комисијата за заштита од дискриминација, меѓу кои се најдоа и Науновски, Даштевски и Спасеновски. Опозицијата вели дека наместо за заштита, со новите членови Комисијата станала тело за промоција на дискриминацијата
БИТКА ЗА МЕДИУМИТЕ
Како што се ближи неизбежно пробивање на слободарски сончеви зраци во пастирскиот медиумски мрак, така во стилот на нервозен диктатор, Груевски го стега медиумскиот обрач, обидувајќи се да ја засили својата високоплатена трубадурска машинерија
ВАЛУТЕН БОРД ИЛИ ФИСКАЛЕН СОВЕТ
Познавачите на „ликот и делото“ на Костов ќе речат дека првиот банкар го говори тоа што прво ќе му падне напамет, без да размислува за пошироките политички импликации. Така ја оценуваат и неговата идеја за валутен борд или фискален совет
АКЦИОНЕРСКА МИСТЕРИЈА
Еден од последните случаи во кои пријавувачите претрпеле последици на работното место е досието со акционери во „Фершпед“. Откако биле измамени со продажбата на нивните акции, тие се охрабриле да поднесат пријава, но неколкумина од групата настрадале на работните места
ПОЛИТИЧКИ ЗАБЛУДИ
Во опозицијата се сонуваат влажни соништа за тоа колку гадно наскоро ќе „надрља“ Грујо. Дали ќе оди в затвор или не, сепак нема да зависи од тоа дали е виновен за безброј криминали, туку од тоа дали неговите заштитници ќе го остават на цедило
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање? Од неговиот одговор на прелиминарното мислење на Бадентеровата комисија произлегува дека тој сѐ уште се надевал дека е можно создавање некоја форма на југословенска асоцијација
Александар ТОРТЕВСКИ
Намерно не нагласувам дека госпоѓата Каракамишева е професор на факултет, на кој јас имам дипломирано, бидејќи нејзиното размислување е далеку од професорско. Таа би требало своите тези да ги разменува со козите на Миленко