1056 / 1057

by Фокус

ДЕКАДА НА ЛУДИЛО
Од исплашени граѓани, пострашни се граѓаните без трошка надеж. Затоа откако многумина се охрабрија, сега главната тактика на власта, ама и на дел од опозициските приврзаници е ширењето дефетизам. А не е клучот на успехот да се крстиш само во Катица, а ти да си трпиш и молчиш. Или како стринка да го олајаваш Заев, ама ништо да не сториш за паметење што ќе го здрма режимот.

ГОДИНА НА ДРАМАТИЧЕН РАСПЛЕТ
Нашиот уредник Зоран Димитровски и аналитичарот Сем Вакнин и пред почетокот на изборната 2016 година водат дијалог околу своите прогнози за годината што следува. Доминира македонската политичка криза, за која двајцата соговорници имаат спротивставени гледишта

ГРАД НА ФАНТОМСКИ ИЗБИРАЧИ
Деталните проверки за изводите од избирачкиот список откриваат дека на одредени адреси во градскиот дел на Ресен се запишани по десетина, дваесетина, па дури и над 40 гласачи. Сето тоа коинцидира со истрагата на МВР

ХРАБРИ И ОПАСНИ
Годината што изминува може слободно да ја означиме како година на будење на граѓанската свест. „Фокус“ направи скромна листа на 11 хероини кои во 2015 година предничеа со својот борбен активизам, полни со решителност и желба за правда, слобода, солидарност и демократија

ШТО ФАЈДЕ ОД ДОБЛЕСТА?
Во изминатава година загатката наречена „доверба во Груевски“, СДСМ не успеа да ја реши. Опозицијата не успеа да го урне митот за Груевски, оти тие што не веруваа во тој мит, и сега не веруваат, а тие што веруваа, сега веруваат уште повеќе. Чаре?

„ПРЕРОДБЕНИЧКИ“ МЕНАЏМЕНТ
Хаос, беззаконие, недомаќинлак – тоа е најкраткиот опис на состојбата во која се наоѓа Домот за стари лица во Прилеп. Корисниците на услугите речиси гладуваат и се смрзнуваат, а спротивно на сите законски прописи, точно 76 месеци со јавната установа раководел в.д. директор!

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Ахмети и Груевски не може да го видат она што го гледаат македонската јавност и заинтересираните меѓународни институции – доколку се одржат избори на 24 април 2016, тоа не само што нема да бидат подобри од оние одржани избори во 2014 година, туку ќе бидат и полоши

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Феноменот „корисни идиоти“, не само што не исчезна како реликвија од едно минато време, туку се модифицира. За наши прилики, најсоодветен би бил понеутралниот политички жаргон „корисни будали“ како категорија на луѓе кои се ставаат на услуга на партијата на власт

————————-

НА СИТЕ ЧИТАТЕЛИ „ФОКУС“ ИМ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Следниот број на неделникот ќе излезе на 15 јануари 2016 година