1055

by Фокус

НОВО ПРЖИНО – СО ИЛИ БЕЗ ГРУЕВСКИ?
Колку повеќе „докази“ пласира Груевски во јавноста за наводната вмешаност на опозицијата и на „Фокус“ во фабрикување лажна афера, за да се нагрди неговиот светол лик, толку е помизерен во очите на светот. И чучулигите знаат дека нему не му треба никакво нагрдување – кога е поцрн и од црниот ѓавол.

НОВ „ПУЧ“ ПРОТИВ ЗАЕВ
Иако Основното обвинителство тврдеше дека ја расчистило аферата што ја објави „Фокус“, случајот не е ниту отворен! Власта е сега задоволна со пропагандата СДСМ да се обвини за фалсификуваните лични карти, иако на долг рок аферата може да доживее сличен дебакл каков што се наѕира и во предметот „Пуч“

КОЛКУ ЖИТЕЛИ, ТОЛКУ ИЗБИРАЧИ
Официјалните податоци откриваат дека во Ресен во изминатата година речиси е идентичен бројот на жители и бројот на гласачи (16.369-16.320)! Многу појасно станува кога ќе се види дека непосредно пред избори во избирачките списоци се впишале нови над 1.000 гласачи со потекло од Пустец и од Мала Преспа

КАКВА ДРЖАВА, ТАКОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, А И ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ!
На годинешново обраќање на д-р Ѓорге Иванов, претседател и Врховен командант, но и професор, сопруг на Првата дама и татко на Првиот син, претходеше помпезна и нескромна Пиар-офанзива на кабинетските брифери, но и на провладините трабанти. Демек, во годинава што изминува, Шефот на државата имал набиена агенда и му била најактивна.

ЛЕКАРИ НА „ОТСТРЕЛ“
Министерот Тодоров се спаси од интерпелацијата од СДСМ но за време на неговото четиригодишно „владеење“, лекарите тврдат дека се најпонижени и деградирани,и не можат да се спасат од местенки, закани за откази од работа, затвор, мобинг, инспекции и дисциплински комисии.

ТОМАСОВА ТЕОРЕМА
Џабе збори опозицијата што Грујо зло ѝ направил на Македонија или какво добро Заев ќе ѝ донесе на државата. Повеќето ги интересира само одговорот на прашањето: „Што јас ќе имам корист ако падне Грујо и што јас ќе имам штета ако Заев не дојде на власт?“

2015 – СВЕДОЦИ НА ИСТОРИЈАТА
Сонот на Бајден да го види Балканот интегриран и како дел од Европа, и не само неговиот, можеби еден ден ќе се оствари. Во спротивност, повторно може да следува враќање во историјата, но овојпат не за да се стават опинците од пред сто години, туку петокраката од пред седумдесет и пет години