СТАРЛЕТА
Преродбениците ги јавнаа медиумите до таа мера што застапеноста на Груевски на македонско ниво може да се мери со онаа на Ким Кардашијан на светско, чиј живот во „риалити шоуто“ го имате на дланка. Но, старлетата нема политички амбиции, ниту од неа зависи иднината на светот. Кај нас, популарноста на ниските страсти што зовриваат секојдневно се заканува да ја урниса целокупната „работа“ на групата за демонтирање на ликот и делото на Никола Груевски.
КОМАНДАНТ СОКОЛИ ЌЕ СЕ ОСОКОЛИ?
Еден од водачите на кумановската група која се пресмета со полицијата во „Диво Насеље“, Сами Укшини, познат како командант Соколи, може да сведочи дека во Куманово некој друг од државниот врв подготвил сѐ – и сценарио и режија, а на крајот само ги повикал актерите да одглумат!?
ГЛАВЕН ПАЦИЕНТ НА КАТИЦА
Иако критичарите на груевизмот го лоцираат пастирот како „капо ди тути капи“, сепак, во најмногу кривични пријави од „бомбите“, дури 14, се наоѓа Миле Јанакиески. „Прва пратиља“ му е Јанкулоска со 10 кривични. Квантитетот јасно ги лоцира луѓето на кои сега им се заканува опцијата за нивно дислоцирање во „Идризово“
ГРУЕВСКИ ВО ЗАМКА
Пастирот, всушност, би сакал изборите и изборните резултати да се вмешаат во работата на специјалната обвинителка, а не обратно. Е тоа, мало морген. Зашто се надева дека ДПМНЕ сепак ќе победи на изборите. Па што? Дотолку полошо за Груевски – во апс ќе треба да заврши од „своите“
ЗЕМЈОДЕЛСКИ РЕКЕТ ОД 50.000 ЕВРА
Од компанија која се одржувала во живот и добро заработувала, „Агро Лозар“ денес е пред ликвидација, бидејќи, како што велат за „Фокус“ вработените, не се согласиле да дадат мито на човек од Министерството за земјоделие
ПАРТИСКА ДИКТАТУРА ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА
Повеќе од две недели, машиновозачите ги запреа возовите поради неисполнувањето на нивните барања. Груевски ги игнорира, а машиновозачите зборуваат како власта формира синдикати за да го задуши бојкотот, и ги повикува на „воспитна“ во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ
ВАРДИ СЕ РАЈО ОД ПИШМАН ЈАБАНЏИИ
Странците кои на времето ги кренаа надежите на Карпош, на крајот го оставија на цедило поради промена на геостратегиските односи. Кој може да гарантира дека и сегашните странци ќе останат до крај верни на процесот за реформирање на Македонија кон саглам држава?
Колумнисти
Стојан АНДОВ
Американскиот амбасадор го напаѓаат за неговата улога во разрешувањето на политичката криза во Македонија бидејќи тоа било мешање во нашите внатрешни работи. Меѓутоа, „нашите патриоти“ забораваат дека сегашната активност на американскиот амбасадор, како и на амбасадорот на ЕУ е по барање од македонските власти
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Кај нас разобликувачите се прогонети sверови и лесна цел за отстрел. Во таква ситуација се најдоа и двајцата обвинети од Петтата управа на МВР. Едни се убедени дека направиле вистински потег други ги стигматизираат како најдолни шпиони
Рамадан РАМАДАНИ
Ако опозициската коалиција го победи режимот, за вистинска промена треба да се сруши и владејачката шема. А таа шема можат да ја уриваат само албанските опозициски политички организации затоа што тие директно ги рушат фундаменталните столбови врз кои почива режимот: ДУИ и ДПА