1043

by Фокус

ДВАЈЦА ЗОРАНОВЦИ, А ТРИ КАТИЦИ?
Специјалната обвинителка, во обид да избега од бремето на СДСМ-овизмот, стокми еден таков пржински, ем рамковен состав на обвинители, што во тимот уште Марко Зврлевски ѝ недостасува?! Значи ли ова дека обвинителите од кај Маркота ќе го апсат Заев, а овие од кај Катето ќе удрат по Грујо. А овие рамковните не мора ни да одат на работа?!

СТРАВ ОД АМНЕСТИЈА
Законот за амнестија на затворениците, како предлог на пратеникот Павле Трајанов и на Граѓанската иницијатива ги зовре политичките духови. Неизвесно е како ќе гласа владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што амнестијата треба да го опфати и нејзиниот главен политички душман – Љубе Бошкоски!

РАФИЗ АЛИТИ: ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЖИВ ПЕСОК АКО НЕ ГО ОСТВАРИМЕ ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО
Командантот М’суси актуелен потпретседател на Собранието,  еден од видните претставници на ДУИ кои најгласно ја критикуваат и сопствената партија, за „Фокус“ вели дека министрите и пратениците треба да понесат најголема одговорност поради неспроведувањето на партиската платформа

ПОРТРЕТ СРЃАН КЕРИМ
Во очај од домашната разврска на кризата под меѓународен менаџмент, Груевски ја истакна кандидатурата на Срѓан Керим за генерален секретар на ОН. Фамилијата пролетва заглави во таква криминална кал, што нема дипломатски Олимп што може да ја спаси

ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ
Во извештајот на Прибе, покрај тоа што недвосмислено беше посочено дека аферата со прислушувањето мора да се расчисти, беше вперен и прстот на вина кон оние институции што траеле и молчеле. Една од посочените беше и Дирекцијата за заштита на личните податоци која се прави на Тошо

ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ГРУЕВСКИ
Бранењето на боите на партијата и поддршката на политиките на владата на поранешниот студентски правобранител Симона Јандревска ѝ донесе советничко место по правни работи во кабинетот на премиерот

ЛАВОТ Е РАНЕТ, АМА УШТЕ НЕ Е „РИКНАТ“
Она што најмногу загрижува е тоа што некој моќен и влијателен фактор од Запад се чини дека му дал гаранции на Грујо дека е сосема можно и реално нова власт баш и да нема после април, туку да си остане старата власт, ако победи на изборите

 

Колумнисти:

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Атентатот врз претседателот Глигоров пред дваесет години беше камен – меѓник во рекомпонирањето на Македонија по сите основи. По него почнаа да владеат мафијашки политички структури, кои сѐ уште ги контролираат и ги насочуваат општествените процеси

Стојан АНДОВ
Може да се претпостави дека тајните служби на Милошевиќ, заедно со своите инсталации во Македонија, со атентатот врз Глигоров имале задача да спроведат план на рекомпонирање на раководството, доколку тоа и остане на курсот на јакнење на независноста на државата