1041

by Фокус

БАРЕМ ПО ЕДЕН ОБВИНЕТ ОД СЕКОЈА ДУБАРА НА ФАМИЛИЈАТА
Некои рикнаа жалопојки за Уставот! Со спец-обвинителот се кршел Уставот! Кукумјавчат тие што го газеа, извртуваа, се мајтапеа со неговото слово, особено со мантрата „согласно Уставот и законите“ или ги поддржуваа сите овие настраности. Ние сме, бре, во вонредна состојба зашто, да ми простите, му се посравте и на Уставот и на законите. Демократијата ја закопавте, ама барем крст на Водно ѝ издигнавте, ем споменици низ плоштадот ѝ изградивте.

СПЕЦИЈАЛЕН ТРЕТМАН
И покрај тоа што и власта и опозицијата изразија задоволство од изборот на гевгелиската обвинителка Катица Јанева за специјален јавен обвинител, новата институција и законот кои беа наметнати од Европа и САД, сведочат дека владеачката партија морала да проголта многу кнедли

ЗОШТО ГРУЕВСКИ МОЛЧИ ЗА КРИМИНАЛОТ ВО ТЕЛЕКОМ И МАКЕДОНСКА БАНКА?
Ден Дончев, поранешен генерален директор на Македонски телекомуникации и екс висок функционер на владејачката партија за „Фокус“ ексклузивно говори за аферата поврзана со Телекомот што во јавноста ја покрена сведочењето на Слободан Богоески пред Њујоршкиот суд, за случајот „Македонска банка“ како и за владеењето на Груевски

ОБВИНИТЕЛ, БАЏАНАК И ПРОФЕСОР
Случајот на шефот на одделот против организиран криминал и корупција Јован Илиевски, кој стана професор на универзитетот во Штип е еклатантен пример кој покажува како ВМРО-ДПМНЕ си избира професори од свои истакнати кадри, или пак брачни другари на промотерите на нејзините дела

ЛЕКАРИ ВО СЛУЖБА НА ДПМНЕ
Според обвинувањата на лекарите, првите луѓе на клиниките повеќе време се занимаваат со политика, отколку што си ја вршат работата за која се платени. „Фокус“ ја анализира работата на неколкумина директори на клиники, жестоки поддржувачи на владеачката партија

МАКЕДОНИЈА И АНОНИМЦИТЕ
Специјалниот јавен обвинител може само да спроведе истрага и во краен случај да подигне обвинение против валканите политичари. Ама, ним треба судот да им суди, а и тој, пак, нема да им пресуди додека да се случат предвремените избори, на кои конечниот судија ќе бидат граѓаните

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
САД како држава директно се соочија и со грчкиот обид Македонија да не биде призната како независна држава и да не биде примена во ОН. Тие сфатија дека мораат и самите да се ангажираат тој обид на Грција да биде пресретнат, а, сепак, да останат во пријателски односи со Грција

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Од денешно временско растојание, без оглед на различните перцепции и квалификации, непобитен факт е дека ние осуммината дадовме значаен придонес кога се навестуваа неизбежните промени на еднопартискиот систем

Рамадан РАМАДАНИ
Одеднаш Македонија се чувствуваше некако специјално. Таква надеж и очекувања во јавноста немаше подолго време, како сега по изборот на специјалната обвинителка