1040

by Фокус

ПУШТЕНИ НИЗ ВОДА
Можно е владата да остане без денар од кредибилните странски финансиски куќи во наредниот период, барем до завршувањето на закажаните избори во април. Ова значи дека политичко-коруптивната димензија мора да биде поткрепена со силен економски притисок за да добиеме де факто развластена врхушка.

„БОМБА“ ОД ЊУЈОРК
Зошто токму во овој момент, судот во Њујорк реши да го објави сведочењето на Богоески? Македонија се наоѓа во длабока политичка криза, а сведочењето на Богоески треба да претставува атомско полнење на агендата на Специјалниот обвинител, чиј избор Македонија го очекува на 15 септември

СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ИЛИ НОВ ДОГОВОР?
Доколку политичките партии не се договорат за специјалниот обивнител и за начинот на деполитизација на судството, неминовни се нови политички преговори, кои најверојатно ќе резултираат со одложување на изборите

АФЕРА „ПАСОШИ“
Пред десетина месеци, „Фокус“ објави истражувачка приказна под наслов „Тајна фабрика за рачна изработка на пасоши!“ Д-р Мимоза Ристова прави форензичка анализа на видео-снимките и фотографиите со која специјалниот обвинител го упатува на селектирани детали за истрагата што ќе ја води

СТАВРЕСКИ ЌЕ БЕШЕ НАЦИОНАЛЕН ХЕРОЈ, АКО СО ТЕЛЕФОНОТ ГО ТРЕСНЕШЕ ГРУЕВСКИ ПО ГЛАВА
Венко Глигоров, бизнисмен и претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија, смета дека македонската економија се движи во лош правец, а изјавата на министерот Ставрески, „немаме за леб, а трошиме за чоколадо“ е извонреден приказ на работите

НЕВИДЕНА ХИПОКРИЗИЈА НА ГРУЕВЦИ
Во какви услови се породуваат родилките во јавното здравство и зошто сопругите на актуелните македонски функционери, министри, пратеници и портпароли од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои редовно ги фалат здравствените реформи, се породуваат во приватните болници?

ФИЛИП ИЛИ ХЕКТОР?
Не се сомневам дека во редовите на опозицијата има мнозина Хектори, чесни луѓе спремни храбро да се борат против режимот и да жртвуваат многу за да го победат злото. Ама сите Хектори на светот не би биле доволни да поразат и еден единствен Филип Втори

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Политиката на САД кон Западен Балкан е помирување на народите и државите и обезбедување услови за траен мир. Во случаите кога насилно се обидува да се саботира и кочи тој процес, како во Македонија,  тогаш е неопходна потребата од ангажирање на САД

Рамадан РАМАДАНИ
Секако дека јас како „јабанџија“ го знаев само насловот на песната „Абер дојде Донке“, кој прв ми текна кога го читав сведоштвото на Богоески. Но, потоа бев фрапиран колку и во самиот текст има безвременско совпаѓање

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Анонимниот сведок под псевдоним фабрикуван како заштитен, односно загрозен сведок нема да го распрашуваат во судот, а ниту одбраната на обвинетиот не може да му постави макар едно прашање. Тој е невидлив. Фантом!