1030

by Фокус

БАЛКАНСКИ ИТРОМАНИ
Ниту Груевски, ниту Заев ја имаат важноста на Ципрас и разбирливо е што целата европска јавност сега е фокусирана на грчкото, а не на македонското прашање, но поуките од начинот на кој ќе биде пресечен грчкиот јазол многу бргу ќе се почувствуваат овде. Кога ќе почне расчистувањето со балканските палавковци, верувајте, ја нема таа сила што ќе дозволи поигрување со европските нерви.

СПОР ДВОЈНО ПОДОЛГ ОД ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ?
Ако Ципрас, како и Самарас пред него, продолжи да игра „Сиртаки“, а Груевски „Тешкото“, тогаш нема на што добро да се надеваме во спорот за името.

НЕМА ТАКОВ „ЦИПРАС“ ШТО БРИШЕ ДОЛГОВИ
Ако Македонија се најде во слична ситуација да не може да си ги плати долговите, граѓаните нема да бидат изземени од одговорноста, Лекцијата за Македонците е дека нема таков „Ципрас“ што брише долгови направени во име на граѓаните.

КАКО ЉУБЧО СТАНА ГРАДЕЖНИК, А РИСТО ТРГОВЕЦ?
Кога опозиционери успешно се занимаваат со бизнис, додека власта ги форсира своите, тоа исфрла сомнеж и создава дилема дека калкулираат со политичкото дејствување. Дали тоа го прават Георгиевски и Пенов?

ОБВИНИТЕЛИТЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО КРИМИНАЛОТ НА ВЛАСТА!
Mилионските нелегални заработки не се доволен мотив за Јавното обвинителство да провери дали провизиите од Кина за автопатите и од Израел за опремата за УБК завршиле на нечија сметка и во колкав износ. Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнел зборува за улогата на јавниот обвинител во овие постапки.

ГРУЕВСКИ И ЕРДОГАН КАКО АВТОРИТАРНИ БЛИЗНАЦИ!?
Можеби сите популисти не се исти, ама функционираат по иста шема. Тие ја окупираат државата, медиумите ги држат во силна прегратка. Од друга страна, секој полнокрвен популист ги прогонува критичарите, ги затвора опозиционерите и 24/7 штанца непријатели.

ЛЕКАРСКА КОМОРА ИЛИ ПАРТИСКИ ШТАБ НА ПРОФИТЕРИ!
Дел од лекарите обвинуваат дека Лекарската комора во последно време е претворена во профитен штаб. Во касата на комората годишно влегуваат околу 800.000 евра, а отчетност на трошењата нема.

„МАКЕДОНИЈА ОТПУШТА“ АКО НЕ СИ ВМРО-ДПМНЕ!
Вработени и понатаму се бркаат од работа бидејќи не се однесуваат или не размислуваат во духот на владејачката партија. Единствената сатисфакција ја добиваат со можноста јавно да ја раскажат голготата и тортурата што ја доживеале.

ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ЛИ СТАДОТО ОД ПАСТИРОТ?
Ако Никола Груевски гледа не само во опозицијата, туку и во македонскиот народ непријател, зошто би се предал и би дозволил да биде поразен, и сам да им падне во рацете на неговите душмани?

 

Колумнисти:

СТОЈАН АНДОВ
Заев треба да ги прекине преговорите со Груевски додека трае судскиот процес против него. Се додека течат преговорите за решение на кризата, се што опозицијата би прифатила ќе биде под сомневање дека тоа е непотребно попуштање за да му се олесни положбата на Заев на судот.