1031

by Фокус

КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИ ОРГИИ
Мислам дека онака фројдовски се издаде Груевски, дека самиот е подготвен по секоја цена, со измама да ја држи власта. Зошто инаку, со двојно повисок рејтинг, барем според анкетата на ИРИ, да не го отстапи премиерското место неколку месеци пред избори? Да не се плаши од дузина „заштитени сведоци“ кои, ако дојде до фајронт за клиентелистичките оргии, кога нема да биде премиер, веќе се пријавени да пропеат!?

ЗАЕВ САРДИСАН
Заев се соочува со затворска казна за случајот „Пуч“, а претходно може да заврши и во притвор. Но, нему му се намерачени и Антикорупциската комисија и УЈП. Едноставно, власта ги стави во погон сите институции да го неутрализира

ТРАНСФЕР-ИГРАЧ
Јакимовски важи истовремено за агресивен и за рационален политичар, кој секогаш бил жесток бранител на сопствениот и остар критичар на противничкиот тим, со тоа што има навика често да го менува колективот за кој настапува

МОНТИРАН „РОВЕР“
Растоварени од затворските решетки, обвинетите од случајот „Ровер“ раскажуваат што доживеале изминативе години соочувајќи се со овој монтиран случај. На еден од нив му била понудена и улогата на сведок со која требало да му донесе долгогодишна робија на Љубе

ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: ГРУЕВСКИ НЕ СМЕЕ БЕЗ КАЗНА ЗА „БОМБИТЕ“ ДА СЕ ПОЈАВИ НА ИЗБОРИ
Добар дел од луѓето кои што ги слушаме во „бомбите“ заслужуваат казна. Не може во матно да лови некој и да излезе неказнет на избори и повторно да добие можност да манипулира со гласачите, вели Лилјана Поповска лидер на ДОМ во интервју за „Фокус“

ЗА ШТО ОТИДОА ПАРИТЕ?
Граѓаните буквално може да се разбудат преку ноќ со задолжувања за намени кои ниту фигурирале во буџетот, ниту се знае колку ќе чинат. Токму тоа се случува во последните месеци, а последните 6 години власта ја задолжи Македонија неверојатни 2 милијарди евра!

ФАМИЛИЈАРНО-ПАРТИСКА „АРМИЈА“
„Фокус“ истражуваше кои се луѓето кои по систем на партиски и фамилијарен непотизам се вработени во министерствата, државните институции, општините и јавните здравствени институции. Зошто нивните имиња и презимиња ги крие власта?

БЕЗВРЕДНО „НЕ“ ЗА ЈУНАКОТ НА ГРЦИЈА!?
Драмата во која влезе нашиот јужен сосед е своевидна комбинација на неодговорноста на политичките елити, стимулираната растрошност на грчките граѓани, но и „слепилото“ на кредиторите кои едноставно мижеа пред случувањата во државата.

СЕ ПРЕГОВАРА ЛИ СО КРИМИНАЛЦИ?
Злото олицетворено во Македонија во ликот и режимот на Никола Груевски може да се порази. Ама не со утописки фантазирања на идеалисти и сонувачи, туку само со реалистички пристап

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Опозицијата треба да најде начин како да ги санира состојбите и да воспостави континуитет со своите почетни успеси во рушењето на оваа власт. За да се успее во тоа ќе треба некои влијателни луѓе да се ослободат од својата суета и надменост

Рамадан РАМАДАНИ
Полска е земја-членка на ЕУ повеќе од деценија. Но, од функционирање на локалната власт и чистите улички, преку соодветно поставените еколошки филтри и многу зеленило, па сѐ до уставните заштитни механизми за независност на институциите се забележува дека тоа е навистина Европа