1029

by Фокус

20 ГОДИНИ БОРБА ЗА СЛОБОДАТА
Како иронија на судбината, токму оваа јубилејна дваесетка на „Фокус“ ја доживеавме во „Преродбата“! Нѐ преродија, ама не беше за џабалак. Во веќе антологискиот уводник на Младенов „Колку чини слободата“, за нашата битка за општество на слободни луѓе, наспроти нивните напори да станеме збирштина од безрбетници, тој фаталистички порача дека „нема компромис“! Останува ние живите, или преживеаните, да калкулираме колку нѐ чини битката за слобода.

НИЕ СМЕ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН, ТИЕ СЕ НЕКОЛКУ ПАТИ ПОМАЛКУ!
На 10-ти јуни запревме во Брисел, по наскоро продолжуваме во Скопје. Каде ќе завршиме? Целта е враќање на општеството и на државата во рацете на сите македонски граѓани. И на слободата, демократијата и иднината на земјата.

ПОТРЕБЕН НИ Е НЕЗАВИСЕН СПЕЦИЈАЛЕН СУД, А НЕ АМНЕСТИЈА
аргарита Цаца Николовска веројатно е единствениот судија во Европа што има добиено отказ во својата држава. Но, затоа стана меѓународен судија и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Сепак, како еден од основачите на Институтот за човекови права во Скопје, активно ја скенира состојбата во правосудството, која ја оценува како „жална и срамна“

„МАЛИТЕ“ ПАРТИИ ВО КОАЛИЦИЈА
Откако ќе се постигне договор за надминување на политичката криза, повеќе мали партии ќе влезат во преговори за формирање посебна коалиција, надвор од двата големи политички блока. Веќе се одржуваат контакти и комуникација за формирање трета политичка опција, која потекнува од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ

ЛАЖНА ДИЛЕМА
Крикот на премиерот, всушност, е крик на уплашен очајник во тунел, толку долг што на крајот не се гледа светлина, а од другата страна наидува воз со голема композиција вагони – полни со документи за случаите „Актор“, „Кинески кредити“, банкарски сметки

ЌЕ ИЗГОРИ ЛИ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА?
Нема да биде чудо, во време на сензитивен политички момент, премиерот и неговите економски министри да пресметаат дека ќе биде погубно по нивниот рејтинг да се зголемува цената на струјата. Во тој случај ќе заѕвони црвениот телефон за нарачки како дел од политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ

УЦЕНА ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ
Според новите измени во Законот за здравствена заштита, лекар кој ќе добие државна специјализација, која чини 12.000 евра, мора да потпише бланко-меница, со која е принуден да остане да работи во јавното здравство следните 15 години, а ако си замине предвреме, треба да врати 120.000 евра!

НЕПРАВДА СО „ЏОКЕРОТ“
Градежна фирма ја тужи екс судијката Лина Петровска за долг од 100.000 евра. Судијката која во јавноста стана актуелна по објавувањето на „бомбите“ како „џокер“ на ВМРО-ДПМНЕ во Судскиот совет, вели дека нема влијание врз судиите, но случајот е индикативен

 

Колумнисти:

Анастас ВАНГЕЛИ
Неприфатливо е, сите ние што се залагаме не само за смена на Груевски, туку и за коренита, системска и општествена промена, да дoзвoлиме како свои единствени оружја да ги земаме чувствата на пораз, жртва, и чувството на одвратност од Груевски

Стојан АНДОВ
Основната грижа што сега ме измачува е колку во остварувањето на задачите од Извештајот на Прибе ќе биде предвидено да се реализираат во компромис со Груевски. Целата таа област на компромис може да дадe резултат, а може да носи и огромен ризик, тој политички пак да преживее, дури и да си ја зајакне својата лична власт

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Да се инсистира Груевски да исполнува обврски без одлагање (како што налага извештајот) и да ги поправа работите што самиот намерно „ги искривил“ е исто како на Ал Капоне да му дадеш да ги смислува и да ги почитува законите за спречување на шверцувањето алкохол