1028

by Фокус

ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЛИ ФИКУС – ФАКТ ИЛИ ПЕРЦЕПЦИЈА!?
Ѓорге Иванов сподели преку Телма епохална мисла. Падот во слободата на медиумите што го регистрира Фридом Хаус бил перцепција, а не факт! Моја перцепција, пак, е дека Хорхе е фикус на груевизмот… но, нели, не е факт. За Фикусот е факт дека имало поделба на власта!? Факт е дека така пишува во Уставот. Ама факт е и дека уште поубави работи пишуваше во Уставот на Сталин.

ХАН ВО БРОНЗА
Без оглед на тоа каква е улогата во преговорите на комесарот Хан, кој е акционер во австриска фирма што градела објекти од проектот Скопје 2014, факт е оти Груевски вешто ги ескивира сите меѓународни повици за проверка на криминалот од „бомбите“. Можат ли САД да го пресечат гордиевиот јазол на политичката криза?

ДУИ НА РАСКРСНИЦА
Поделбата меѓу функционерите на ДУИ во извршната и во законодавната власт се продлабочува. Првите се за опстојување, а вторите за растурање на владејачката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе превагне?

ДАЛИ ГРУЕВСКИ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ АКО СТАНЕ МАРИОНЕТА НА ЗАПАД?
Политичката криза во која се наоѓа Македонија е пред крстопат на разрешница врз што влијаат повеќе фактори – внатрешната политичка динамика, улогата на Албанците, ЕУ, САД, Косово, Турција, ИСИЛ… За овие жешки теми разговараат аналитичарот Сем Вакнин и нашиот уредник Зоран Димитровски

ХОЛИВУДСКО СЦЕНАРИО
Сите сет-мерки што со години ги продуцира владата во делот на вработувањето се содржат во мерки и активности со кои придонесите за вработени ги плаќаат сите даночни обврзници. Ефектите се само краткотрајни, а штетите можат да бидат далекусежни!

МИГРАНТСКА ГОЛГОТА
Над 40.000 мигранти годинава минале низ Македонија, со цел да стигнат до некоја од развиените западноевропски земји. Поминале илјадници километри, но се чини дека додека ги минуваат оние 200 километри низ државата, очи в очи се соочуваат со ужасот

ВРИЕ НА ПРАВЕН
Битката за декан на Правниот факултет, по оставката на д-р Борче Давитковски, се води меѓу тројца кандидати, без кандидат на ДПМНЕ. Дел од професорите се надеваат дека нема да дојде до поништување на изборот на новиот декан, бидејќи тоа би предизвикало нови проблеми на факултетот, кавги и поделби меѓу вработените

ОНОЈ ШТО ГЛЕДА СЀ ВО ПОЛИТИКАТА, ТОЈ ГЛЕДА И ПОЛИТИКА ВО СЀ
Ако сакаме да го департизираме општеството, првин треба да го депаразитизираме општеството. Да изградиме систем во кој нема да смее ниту еден човек да се надева дека ќе може да живее на нечија туѓа сметка ако гласа за „вистинскиот“ политичар. Кога Македонија ќе стане саглам држава? Тогаш кога нејзините граѓани ќе престанат да гласаат за живот и ќе почнат да работат за живот!

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Заканата на Груевски со предвремени избори му е слаба бидејќи со нив може да ја влоши ситуацијата во земјата и во регионот, но многу повеќе ќе си ја влоши и ќе си ја загрози сопствената позиција, и тоа не само како премиер

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Тоа е таа гротеска од земја каде што во затвор завршуваш ако му помогнеш на човек во мака, а ако корумпираш, местиш тендери, се одмаздуваш со помош на целиот државен апарат, делиш правда со помош на судии од извесно списоче, ја добиваш најмоќната функција во државата

Рамадан РАМАДАНИ
Така слушнавме како главниот на ДУИ, Али Ахмети, кому на албански веќе му преработуваат песна: „Те знаевме командант, ни излезе преварант“, пцуеше свои сопартијци, исмејуваше едно политичко движење во Косово: Самоопределување. Опцу цела социјала

Џелал ХОЏИЌ
Се плашам дека ова мало парче земја ќе биде проколнато од солзите на децата и од немоќните жени и мажи, кои бегајќи од војна во Македонија го доживеаја она од што бегаат. Бегаа од смрт, насилство, силувања, пљачкања, киднапирања – а сето тоа оваа земја им го приреди