1026

by Фокус

ЏАБАЛАК ТИНТРАЊЕ ЗА ЕВРОПСКИ ДИЛ ОРИЕНТИД!
Во рубриката „верувале или не“ би ја сместила и изјавата на Аиво Орав по средбата на 12-те амбасадори со Груевски. Дипломатско-бирократска формулација која уште повеќе му го крева угледот на премиерот кај неговите фанови. Човекот кој ги задуши институциите, сега ќе ги оправи за да го осудат за корупција!? Аман бре, што ли рецепт им шитнал на дил средбава!?

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
Мисијата Груевски, кој е изворен автократ, осомничен како организатор на фамилијарниот криминал, примитивен националист, да воскресне преку ноќ во демократ и заштитник на правдата и слободата е невозможна и неизводлива

ВМРО СЕ РЕФОРМИРА, СДСМ СЕ ОБЕДИНУВА
За да постигнат што подобар изборен резултат, пред најавените предвремени избори за април 2016 година, власта и опозицијата ќе ги прегрупираат внатрешните сили

ВИСИ ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ЗА „ПУЧ“
Откако на 1 мај го примија обвинителниот акт, обвинетите во случајот „Пуч“ наскоро ќе дознаат дали ќе влезат во судница или, сепак, ќе куртулат. Од одржаната јавна седница може да се заклучи дека обвинението е преполно со паушални тврдења, недостатоци и со контрадикторности

ПРЕГОВОРИТЕ ШТО БОЛАТ
Граѓанската борба мора да продолжи! Ако Груевски се спаси, да излеземе уште помасовно на улица. Ако Груевски си оди, да бидеме овде како група за притисок работата да се истера до крај

ОРИГИНАЛЕН ПЛАГИЈАТ
Златко Глигоров, ликовен уметник, се сомнева оти дизајнот на новата банкнота од 200 денари, на кој е прикажан 41-от Давидов псалм од виничките теракотни икони и мотив од Шарената џамија, е украден од неговото идејно решение на конкурсот на НБРМ

ГЛАДНА ОПОЗИЦИЈА ФЕР ИЗБОРИ СОНУВА
Секоја власт се крепи на три столба: пари, пендрек и пропаганда. Рушењето на пендрекниот столб на власта е сега-засега неможно, оти тоа бара револуција, која, пак, против власт која има многу пари и сѐ уште голем број верни поддржувачи, е невозможно да успее. Но, што е со другите два столба?

 

Колумни:

Стојан АНДОВ
Хан дојде и отиде, а граѓаните на Македонија останаа збунети, со прст во устата. Првиот услов за успех на мисијата на Хан некако е исполнет: да не се задоволни од договореното ниту едната ниту другата страна

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Ако нема преодна влада и ако некој Европеец навистина мисли дека Груевски може да спроведе неопходни реформи за фер изборен процес, тогаш во прашање се доведуваат европските вредности што ни се промовираат

Рамадан РАМАДАНИ
Секако дека најважното од договорот останува дополнително да се обзнани што значи тоа „транзиција“. Ние не знаеме како е во нетранзиција инаку за транзиција: хо-о! Дури и имаме многу што да ја научиме и Европа, и целиот свет ако треба