1027

by Фокус

НЕЗАВРШЕНА ТРАНЗИЦИЈА
Исходот од преговорите воопшто не е изненадување за добрите познавачи на ликот и делото на станарите на Илинденска бр.2. Тие се само суров елемент во приказната за вечната македонска транзиција, која почна и ќе заврши тогаш, кога народот плебисцитарно ќе им го покаже местото надвор од узурпираната Влада!

ГРУЕВСКИ ИЛИ МАКЕДОНИЈА
Ќе им биде ли сеедно на ЕУ, Германија, Италија, Франција и Велика Британија што се случува со критериумите од Копенхаген и европските вредности во Македонија? Ќе дозволат ли кај нас да владеат автократите и клептократите? Поради недемократското и автократско практикување на власта, главниот проблем е Груевски. Тој не може и не смее да биде и дел од решението

ВМРО ПРОТИВ ДПМНЕ
Условот за пораз на ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори, зависи од можноста на исплашеното гласачко тело на пастирот, освен Заев, некој да му понуди и десно-центристичка алтернатива, замена за Груевски и криминализираната дружина

АМЕРИКАНСКИ ОБРАЧ
Американските безбедносни служби имаат јасна слика што се случувало во Куманово, но за да ја докажат инволвираноста на домашни и регионални разузнавачки структури во сценариото, ќе биде потребна темелна меѓународна истрага. Власта засега од таква истрага бега како ѓавол од крст!

ГРАЃАНСКИ УЛТИМАТУМ
Повеќе од 80 граѓански организации и активистички групи кои ја формираа граѓанската иницијатива „Граѓаните за Македонија“ се согласни дека Груевски мора да си оди, а потоа веќе да не може да одлучува без да ги праша граѓаните

ЕРМИРА МЕХМЕТИ: ОВАА ВЛАДА ВЕЌЕ Е ВО ОСТАВКА
Во интервју за „Фокус“, Ермира Мехмети открива дека по посетата на вицепремиерот Фатмир Бесими на Атина, се отвора можноста Брисел да турка решение според кое Грција ќе дозволи Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а паралелно да течат преговорите за решение на спорот за името

УЦЕНЕТА ВИСТИНА
Иако најавата за кривична пријава од Агенцијата за разузнавање ја чувствува како притисок, главниот уредник на Алст М Мухамед Зекири нема да престане да истражува и, како што вели, „паниката што владее во Агенцијата за разузнавање само ми потврдува дека има нешто што сакаат да скријат за случајот Куманово“

НАУМ ПАНОВСКИ: ИСТОРИСКОТО ВМРО Е УЗУРПИРАНО ОД МАФИЈАШКА СТРУКТУРА
Од Америка, каде што живее веќе две децении, Пановски дојде во родниот град Скопје за да биде дел од граѓанските протести. Или, како што вели професорот  на неколку американски универзитети, тука е за да види „што можеме сите заедно да направиме ова зло што поскоро да го пратиме на ѓубриштето на историјата“

И ПО ГРУЈО – ГРУЈО!?
Колку што е важно прашањето „Кога Грујо ќе падне?“, уште поважно е прашањето „Што по Грујо?“. Ако новата власт, без оглед колку и да е демократски ориентирана, не ја крене економијата на нозе, многу бргу ќе си дочекаме народов пак да избере „И по Грујо – Грујо“

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Значи, господине Хан, тунелот успешно се пробива и покрај силната „механизација“ што е во рацете на онаа побратимена клика, наречена влада, и покрај вашето здушно сочувствување со маките на Груевски и неговиот верен побратим, Ахмети