РЕПУБЛИКА ЅВЕРСКА МАКЕДОНИЈА
Груевски направи премногу клучни грешки во изминативе 9 месеци, кои не дозволуваат да се покрие срамот нанесен врз Македонија во изминативе 9 години. Ја прецени моќта на својата авторитарна рака. Ја спореди со онаа на Ердоган, но ниту е нашиот премиер прв човек на Турција, ниту е Македонија економскиот џин на Азија.
ДОСИЕ „LA PETITE GUERRE“
Во февруари годинава, познат ПР агент од Франција имал таен состанок со високи претставници на власта во Скопје. Тогаш наводно е договорена мала, но контролирана војна, каква што и практично се случи, која ќе има за цел да создаде паника и страв, а преку успешна полициска акција да се врати довербата во институциите
МАКЕДОНИЈА НЕ Е „ДРЖАВОТЕКА“
Сирените за узбуна и тревога силно се огласија. И овде, меѓу сѐ погласните граѓани и кај пријателската меѓународна заедница – НАТО, ЕУ, САД. Сите заедно на една врхушка нема да ѝ дозволат нецивилизациски и недемократски да ги киднапира сите пори на државата и општеството
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ЗАПАД МОЖЕ ДА ПОКРЕНЕ ПРОЦЕС ПРОТИВ ГРУЕВСКИ ВО СТРАНСКИ СУД
Во разговор за „Фокус“, Пендаровски ја коментира акцијата на безбедносните сили во Куманово, изгледите на опозицијата и граѓаните за уривање на режимот на Груевски во светлината на притисокот на ЕУ, САД и НАТО за оставки и за решение на политичката криза
„КУМАНОВО“ ЈА ПЕГЛА КРИЗАТА
Без разлика дали судирот во Куманово е реален или режиран, неговиот епилог говори за пропуст во безбедносниот систем или, пак, за класична местенка, која можеби излегла од контрола. Во прилог на второто оди тоа што кумановските случувања ѝ даваат сосема нова димензија на политичката криза
ПОВИЦИ НА ЛИНЧ
Веќе неколку години, јавни личности, новинари, актери, директори на јавни институции со своите статуси на социјалните мрежи шират говор на омраза и повикуваат на јавен линч на сите што ги критикуваат политиките на премиерот Груевски или бараат оставка на владата
ЈАСМИНКА АНГЕЛОВА: ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ ГИ ОДБИЈАТ НАРЕДБИТЕ ДА УДРАТ НА НАРОДОТ!
Во разговор за „Фокус“, Јасминка Ангелова поранешен полициски инспектор и сопруга на генералот Ангелов, открива кој е колегата кој кукавички ја удрил на протестите, како министерката Јанкулоска ги држела во страв вработените во МВР, а зборува и за својата храброст и очекувањата да падне режимот
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Помирувањето има смисла ако е во корист и на Македонците и на Албанците во земјата, и затоа во нашиот случај помирувањето единствено е можно доколку победат демократските сили
Џабир ДЕРАЛА
Во ноќта пред големите настани, преслушувам стари ствари од моите омилени бендови. Тагувам по изгубените животи во Куманово. Мислам на сите што допрва ќе паднат како топовско месо на една болест што ни се вовлече во животот и не мисли да си оди без да нанесе болка и ужас
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Заминаа главните актери од „бомбите“, но не и режисерот и главниот инспиратор. Тој и натаму се обидува да „изрежира“ демократија иако е веќе „прочитан“
Рамадан РАМАДАНИ
Сега, дури не излезе некој што разбира шах да му укаже на Груевски дека задоцнетата рокада не спасува ни крал ни кралица и дека многу малку дава шанси дури и за пат позиција, граѓаните ќе протестираат легитимно, сѐ до неговата оставка