1022

by Фокус

НЕ ВЕ БОЛИ ВИСТИНАТА, ТУКУ СУДБИНАТА!
Да ги прашам уште нешто креаторите на „Монструмот 2“: Ве боли ли вистината? Или ве боли повеќе судбината што ве чека откако нема да бидете власт!? Не, не ве боли ВИСТИНАТА затоа што и без „бомбите“ си ја знаете. Ве боли, бре, судбината од која нема да можете да избегате!

„БОМБАТА“ ЗА МАРТИН
Сега е јасно дека кругот одговорни за смртта на Мартин Нешкоски не смее и не може да заврши само со полицаецот Спасов. Но за да ја покрие својата одговорност за прикривањето на вистината, Груевски  испрати до заби вооружени полицајци да ги тепаат граѓаните

МОНИКА ЈОВАНОВСКА:  ЗА НЕШКОСКИ ЗАРАБОТИВ ОТКАЗ, А КЕЖАРОВСКИ ЗАТВОР ЗА МЛАДЕНОВ
Новинарката која прва ја објави веста за убиството на Мартин Нешкоски, беше и сведок на неговата погибија. Во интервју за „Фокус“ Јовановска открива дека има уште најмалку двајца полицајци кои точно знаеле што се случило, но за нивната одговорност никој не зборува

EGG-YOLK REVOLUTION
Дали е нормално Фамилијата да се задржи на власт откако ќе пролее крв – е клучното прашање кое си го поставуваат граѓаните. Се разбира дека не е нормално, но се уверивме многупати досега дека не може да се очекува нормална реакција од авторитарен режим

ПРЕПИШАНО ОБВИНЕНИЕ
„Фокус“ открива дел од правните нелогичности, на кои е засновано обвинението против лидерот на СДСМ, Зоран Заев и уште четворица обвинети. Обвинителството само ги цитира тезите кои досега во јавноста ги изнесе премиерот Груевски, ниту чекор подалеку!

ПРИСЛУШУВАНИ БИЗНИСМЕНИ
„Фокус“ дознава дека деновиве се откриени нови аудиоснимки на кои неколку бизнисмени од кругот на власта меѓусебно се предупредуваат да прекинат со криминалните активности затоа што ги прислушуваат

ХАЏИ СУЛЕЈМАН ЕФЕНДИ РЕЏЕПИ: ПОЛИЦИЈАТА СЕ ВКЛУЧИ ВО СЦЕНАРИОТО ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ИВЗ
Поглаварот на ИВЗ во интервју за „Фокус“ говори за упадот на групата вооружени лица во зградата на ИВЗ, за односите со владејачките партии, за влијанието на неговите критички колумни за односот кон ИВЗ, како и за „бомбите“ на Заев

ОБЕДИНУВАЊЕ ПРОТИВ РЕЖИМОТ
Дали Заев ќе успее да ја обедини партијата, да ја зголеми политичката коалиција, а на крајот да ја претвори во широк натпартиски блок, кој треба да го поведе народот во борба против режимот?

ДЕЦАТА СТУДЕНТИ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ
„Фокус“ истражуваше каде студираат синовите и ќерките на македонските актуелни и поранешни премиери, претседатели, министри и дали некои од нив ги следат стапките на своите родители, да се занимаваат со политика

ШТО ПОСЛЕ 17-ТИ МАЈ?
Режимот на Груевски го преживеа објавувањето на бомбите, па за очекување е дека ќе го преживее и најавениот голем опозициски протест. Затоа, вистинското прашање не е што ќе се случува на 17-ти мај, туку што ќе се случува на 18-ти мај и во деновите потоа

 

Колумнисти

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Тоа „идеално јас“ или суперего, таа прецизно градена претстава за „лидерот“, кој самопрегорно работи во корист на Македонија и ја носи во просперитет сега е разобличено, демонтирано и прикажано во најсурова и грда форма на вистинското „его“ на премиерот

Џелал ХОЏИЌ
Еден ден овој режим ќе падне, судството ќе се ослободи од канџите на фамилијата на власт, медиумите повторно ќе бидат независни. Тогаш на сите ќе им стане јасно, па и на чесните членови на ДПМНЕ, за големината и размерите на злото