ПЛАЦ ЗА Н.Г НАВОДНО, НА ВОДНО!?
Mисијата на „верниците“ на Пастирот е и да ги масакрираат критичарите на режимот. Колку сочно го бранат него, толку крвнички ги растргнуваат инакумислечките. Рафално стрелаа кон „Фокус“ и кон анкетираните новинари затоа што предложиле Албанец за премиер! Аууу! Како што се дразнеа следбениците на Хитлер што Евреи биле на едикоја си функција. Да, така се палеа Германците, за потоа конц-логорите да ги проголтаат како нормални.
НЕМА БЕГАЊЕ ОД НОВА ИСТРАГА
Поминаа две години од трагичната, чудна, контроверзна и мистериозна сообраќајна несреќа во која загина основачот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, најслободоумниот и безмерно најхрабриот новинар, борец за слобода, демократија, вистина и правда. Домашната, но и меѓународната јавност, сѐ почесто и погласно продолжува да бара завршената истрага – да се истражи!
ВО ЧЕЛУСТА НА ДПМНЕ
МРТ нема пари, а со тоа станува зависна од власта. Гневот на граѓаните произлегува од неисполнувањето на мисијата на јавен сервис, што би значело заштита на јавниот интерес. А логично, ако не исполнува јавен, тогаш МРТ исполнува партиски интерес. До кога?
ВЛАСТА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ПУШТА КАНЏИ
Академик Абдулменаф Беџети, економски експерт со силно влијание врз процесите, во интервју за „Фокус“ вели дека нема политички амбиции, но би прифатил одговорност, ако му предложат да биде дел од преодна влада зашто би сакал во наследство да остави силна држава
ПОЛИТИКА ИЛИ БИЗНИС
Конечниот епилог на битката за ДПА нема да го даде судско рочиште, туку следните избори, кои ќе покажат кој има поголема поддршка од граѓаните. Во ситуација кога пристапот до пари и врските со центрите на моќта се предност на неговиот лут противник, Села сака да ги придобие партиските членови и неопределените албански гласачи со помош на наративот дека сака да изнесе вистинска опозициска понуда
ТЕХНОЛОГИЈА НА ПРЕВРАТ
ЕУ нема да се потресе ако Македонците се истепаат меѓу себе, но нема да дозволи безредијата да прераснат во меѓуетнички судир кој може да го дестабилизира регионот. Оттаму, политичкиот компромис е веројатна разврска на кризата
НЕСЛАВЕН МАНДАТ
Заврши уште еден неславен мандат на Државната комисија за спречување на корупцијата. Последниот состав антикорупционери, станаа професионалци, но за разлика од своите претходници ги премолчаа сите афери на власта
ЗДРАВЈЕ ИЛИ ПРОФИТ
Македонија е единствената земја во Европа, каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Стравот и паниката кај родителите ги принудија да ги вакцинираат децата со современи поливалентни вакцини, и тоа најчесто во Солун, Белград и во Врање
ПИРОВИ ПОБЕДИ
Многу години во Македонија се водеше тивката војна меѓу децата на пелинот и децата на мортаделата. Во таа тивка војна меѓу огорчените и омрсените, вторите многу години беа во предност. Но, нешто во последно време како да се смени
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Ако победи проектот „Вистината за Македонија“, тогаш, не само што Груевски ќе мора да си оди, туку и Иванов со сите неизбежни последици. При таков расплет, Иванов може да сноси последици и за дел од незаконитостите и неуставните постапки на Груевски и неговата потесна околина
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
ЕУ сега треба со чист образ да излезе пред своите граѓани и да им објасни дека поддржува земја во која има сериозни сомневања дека премиерот може да го менува планот на градот за да си обезбеди плац на најелитното место во градот, плус парцели за тргување, кои се проценуваат на 17 милиони евра?
Рамадан РАМАДАНИ
Еден од најзабавните гласови во овој тажен серијал на болна вистина, тој на министерката за внатрешни работи, во една од последните снимки прифаќа понуда за местење на еден од политичките лидери на Ромите. Без перде и срам е речиси секаде, но тука е и без никаков страв
Џелал ХОЏИЌ
Груевски обвинува странски служби дека сакаат да испродуцираат етничка криза, а провладините медиуми за истото ја обвинуваат и телевизијата Ал Џезеира. Зар ова не ви личи како алиби за нивниот план да ја радикализираат кризата со етнички тензии?