1015

by Фокус

ДУХОВЕН ШПАЈЗ
Поткрепа им е потребна на синдикалните лидери, на бизнисмените, на антикорупционерите, утре можеби и на уценетите пратеници или на понекој министер, кој работата одамна ја оценил за „забегана“. Во испразнетиот шпајз на Преродбата веќе нема што да се продаде и што да се купи

„НОВИНАРСКА“ ПРЕОДНА ВЛАДА
Неколкумина наши колеги предлагаат експерти за преодната  влада. Постигнаа безмалку консензус за некои кадровски решенија: Абдулменаф Беџети, Никола Димитров, Слаѓана Тасева, Арсим Зеколи, Мирјана Најчевска, Владимир Лазаревик

ШУМА ОД КОРУПЦИЈА
Пред неколку години се прошири зоната на главниот град во парк-шумата Водно, додека зелените површини се пренаменија во градежни парцели кои според последните „бомби“ на опозицијата се во сопственост на домашни и на офшор-компании блиски до премиерот

СЕГА Е ЈАСНО ДЕКА МИЈАЛКОВ НЕ БИЛ СЛУЧАЈНО СМЕНЕТ ВО 2000 ГОДИНА!
Во разговор за „Фокус“, Горан Митевски, поранешен директор на УБК, вели дека во процесот по кривичните пријави на опозицијата ќе се открие зошто Сашо Мијалков бил сменет од функцијата помошник на министерот за безбедност и разузнавање во ресорот Одбрана во владата на Георгиевски

ГРУЕВСКИ ОБВИНИТЕЛОТ
Премиерот рече дека се радува на барањето експертска помош од Европа за обвинителството. Штом тој се радува, на граѓаните им останува да тагуваат, бидејќи уште сега е јасно дека улогата на странските експерти ќе биде само алиби за истрагата што тој ќе ја води

ГЕОСТРАТЕГИСКА БОМБА
Потписот на цевката од гасоводот во Македонија е сигнал оти не е исклучено Груевски, доколку биде силно притиснат од Запад поради политичката криза да попушти и да се повлече, да побара економски или финансиски воздух за својата сатрапија токму од Путин

СИНДИКАЛНА ТРКА
Иако мандатот му истекува наесен, првиот синдикалец Живко Митревски веќе ги распиша изборите во ССМ, за да пресретне неповолна разврска во која ВМРО-ДПМНЕ би ја изгубила доминацијата и да си обезбеди уште еден, петгодишен мандат

СУДИСКО „ПЕРДЕ“
Директорот на градската болница, Сашо Стојчев ѝ забрани на очната лекарка да оперира, откако во јавноста излегоа педесетина пациенти, според кои таа со нестручна операција им го оштетила видот. И наместо санкции за неа, лекарката го тужеше директорот, а судот пресуди во нејзина корист

ВРЕМЕ ЗА КАСТРЕЊЕ
Има ли „градинар“ во СДСМ што е спремен да ги отстрани од партијата луѓето кои со своето однесување само му помагаат на непријателот да остане на власт? Ако има, ножиците в раце и – сечи мајсторе! Ама ако нема? Ако нема, тогаш џабе сите бомби

 

Колумнисти:

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Како тоа човекот кој на почетокот одби да живее во резиденцијата на Водно затоа што тоа ќе го оддалечело од народот, сега би посакал да „се огради“ со потпорен ѕид од истиот народ, и тоа токму на Водно?

Рамадан РАМАДАНИ
Како би можело Мијалков и Џафери на Груевски и Ахмети да им поверуваат за некое решение, кога не би знаеле кој плац или камен им дошол или отишол од блиску?!

Влатко СТАМАТОВСКИ
Кабаетот за фасцинираноста на Горазд Росоклија од груевизмот требало да се бара во фактот што бил близок потомок на Венко Марковски, преку кој, неговата ДНК била контаминирана со „вродена аверзија кон левицата“. Каква инкриминација на Венко!