1004 – 1005

by Фокус

АТОМСКА ГЕНЕРАЦИЈА 2015
Каде и како ќе еруптира студентската „бомба“? Дали таа е замаецот за обединување на широкото граѓанско незадоволство, Студентскиот индекс би можел да ја замени партиската книшка како систем и начин на дејствување.

ЅВЕЗДИТЕ НА 2014 – НАДЕЖ ЗА 2015 ГОДИНА
Студентите кои со најмасовните студентски протести во историјата на Македонија го кренаа гласот против мешањето на државата во автономијата на универзитетот, без конкуренција се најблескавите ѕвезди на 2014 година и нашата искрена надеж за 2015 година

ИМАМЕ ДОКАЗИ ДЕКА ВЛАСТА НАПРАВИ МАСОВНА ИЗМАМА СО 150.000 ГЛАСОВИ
Стево Пендаровски како кандидат на опозицијата за претседател успеа да прокнижи многу подобар скор од коалицијата што застана зад него. Во интервјуто открива дека зад ваквите резултати се крие голема изборна измама во режија на власта, тешка дури 150.000 гласови, за што како што тврди, опозицијата има конкретни докази

ПОСЛУШНИ ИЗМЕЌАРИ
Наместо да ја искористи законската позиција и да се наметне како главен и независен орган, обвинителството како да ужива во подредената улога. Фатени со лопатата в рака, обвинителите стануваат соучесници, а не борци против криминалот

2015 – ГОДИНА НА ГУМЕНИ КУРШУМИ
Нашиот уредник Зоран Димитровски и аналитичарот Сем Вакнин гледаат во кристалната топка за 2015 година. Граѓански протести, гумени куршуми, избори, економски колапс на држави од Европа, распаѓање на светскиот економски поредок, сајбер-војни и вистински војни, атентати…

СКАНДАЛ ВО АЕК
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на 3 ноември 2014 година си поднел оставка, за само по три дена да ја повлече, со образложение дека ја дал во афектна состојба!? Каква е заднината на приказната, односно постојат ли притисоци од повисоки структури за да го промени мислењето?

ТАНЦ ПО НОТИТЕ НА ВЛАСТА
Турбофолкот е кич, ама и „Скопје 2014“ е кич, при што на силиконските гради, усни и задници одговараат фасадите од стиропор. Секакви матни типови „из Београда“ ни одржуваат концерти и публиката овдешна ги гледа како мегаѕвезди, а и Грујо одвреме навреме ни носи матни типови од цел свет како инвеститорски мегаѕвезди

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Штом е државен испит, државни ќе бидат и комисиите. А сѐ што е државна комисија, е партиска комисија. Тоа е спојот на партијата и државата во Македонија денес. Компромитацијата на институциите најуспешно се врши со посредство на државните комисии. Последиците се катастрофални

Џабир ДЕРАЛА
За крајот на оваа година ви напишав научнофантастична приказна со елементи на future noir (или – црна утопија). Ликовите во оваа бајка се измислени, но сличностите со реалноста ни оддалеку не се случајни. Само се погрижив крајот на оваа приказна да биде среќен. Од каде толку оптимизам? Па, од реалноста. Колку и да звучи чудно тоа

Синоличка ТРПКОВА
Времето на „боговите“ и силниците – наредбодавачи, татковци на нацијата – веќе изминува. И нека се прават глуви и слепи уште малку, но нивната ароганција оддава страв и несигурност. И наместо образованието, тие изгледа ќе завршат таму кај што сакаа да го упокојат него, со овој последен клинец што намерија да го заковаат.

Рамадан РАМАДАНИ
Наликуваме на Северна Кореја!? Едниот предлог за меѓународно име ја содржеше одредницата „северна“, лидерот на ДПА го избра син му за секретар на младинскиот огранок, другиот лидер на опозицијата не ги фрли бомбите иако ги најавуваше, нешто како јужнокореанското вооружување, сѐ има, ама ништо не се употребува