1003

by Фокус

МИЛОСРДНИ БРАЌА
Ако власта стори преседан за Вранишковски, го молам Иларион да побара аболиција за колегата Кежаровски. Се разбира, ако паѓаат на руски посредништва. Та и Американецот Умберто Паскали побара Русија да биде посредник во спорот за името! Она што му беше адут е дека овие од Брисел биле корумпирани, а Русија „чесен посредник“. Сал Грујо и Путин власта не ги расипувала!

ГРУЕВСКИ ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ ОД СВОИТЕ ВМРОВЦИ
Јове Кекеновски, еден од најстарите вмровци е особено активен во јавноста со своите колумни во кои го изразува незадоволството од раководењето на неговата матична партија. Кекеновски ја коментира популистичката политика на власта, разочараното и незадоволно членство.

РЕКЕТ СОЛИДАРНОСТ
Околу 3.000 граѓани го кренаа својот глас против новото оданочување на хонорарите, кое од досегашните 10 отсто се зголеми на неверојатни 35 проценти. Заднината на „хуманитарниот чин“ на Владата покажува дека на овој начин единствено ќе се пополни празниот пензиски фонд, и тоа не хумано, туку присилно.

СМЕЛИОТ МАРШ НА ХОРХЕ!
Чудна симболика, својствена на дереџето на кое спадна Македонија. Ист ден кога Путин имаше тричасовна средба со 1.200 новинари и само ден после „Маршот на црвените чадори“, во Собранието смело „вмаршира“ Иванов, врховен командант и старо-нов претседател .

„УКРАИНСКО“ СЦЕНАРИО
Премиерот си ја знае црвената линија – не може да ги промени приоритетите за членство во ЕУ и НАТО, зашто може да предизвика поделба на државата како во Украина. Се разбира, тоа не му пречи да кокетира со идеите за промена на етничката карта за да го зацврсти авторитарниот режим.

ЗОШТО ЗАМИНУВА ЖЕРНОВСКИ?
Во пресрет на изборниот конгрес на ЛДП, Жерновски се повлекува откако победи на локалните избори во Центар и ја врати партијата во парламентот. Дали навистина сака да ѝ се посвети на градоначалничката должност?

ПРАВДА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ
Неколку месеци откако „Фокус“ пишуваше за криминалните групи кои ги тероризираат сиромашните од струмичките села, а полицијата не реагира, почнаа судски процеси, во текот на кои еден од врбуваните насилници, во судница изнесе шокантни сознанија со кои се отвори патот бандата да одговара за теророт.

ПАРАЗИТИ И РАБОТНИЦИ
Кај нас нема судир на трудот со капиталот, затоа што и вработените и газдите се ограбувани од алчната бирократија. На дело е борбата меѓу паразитите и работниците. На чело на паразитите цврсто стои партијата која моментално владее со Македонија. Кој ќе застане на чело на работниците?

 

Колумнисти

Синоличка ТРПКОВА
Приказните на старите лица од домот, на умното момче Томе Кирјази, на учителката-ангел Весела Богдановиќ, приказната што ја пишува бестрашната борба на студентите против понижувачките „реформи“, се моите лампиони што го осветлуваат ова предновогодишно сивило

Рамадан РАМАДАНИ
Ние, граѓаните, да потсетиме, сме првобитниот сочинител на тие фондови, институции и политики. Потсетувањето служи за да се оттргне единственото перде, завесата зад која кланови и фамилија во име на општина, држава и партија ограбуваат една цела нација: граѓаните

Џелал ХОЏИЌ
Дали ЕУ направила договор со Русија да се одложи приемот на нови членки во следните пет години, за возврат да добиваат гас додека бараат нови енергетски ресурси? А Русија со тоа добила шанса да поработи на растурање на Македонија, БиХ и на Црна Гора?