1002

by Фокус

СТУДЕНТСКИ ВИРУС ВО ПАСТИРСКАТА ИДИЛА
Уште еднаш министрите од ДУИ се покажаа поголеми вмровски војводи од дпмневските. Абдулаким Адеми веќе положи, не само екстерно, туку и државен испит за Војвода

СВ. НИКОЛА ЈА ЧЕКА БОМБАТА
Се лажат сите кои мислат оти Груевски манипулира со прогласувањето предавници и шпиони за да се задржи на власт. Тој не лаже, туку навистина мисли оти неговите политички противници се петта колона која работи за грчките интереси против Македонија

БОРИС ДЕЖУЛОВИЌ, ХРВАТСКИ ПИСАТЕЛ И НОВИНАР: „СКОПЈЕ 2014“ Е ЗА НА ПСИХИЈАТРИЈА!
Приказната за македонските историски споменици и палати, преку кои се вртат огромни пари е суштински иста со таа што ја поминавме во 1990-тите, кога ние ја градевме хрватската државотворна галантерија и бижутерија преку која се переа пари

ЏЕЛАТОТ ПАК СИЛУВА
Зад затворени врати, Владата ги скрои новите пакет-мерки во образованието, каде што покрај државниот испит, на хартија се најдоа уште неколку измени кои предизвикаа бурни реакции. Студентите не ја исклучуваат можноста за нови протести и бојкот на наставата

ГРОЗДА ДАНОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЖИВЕАТ ВО БЕДА
Создадената слика оти пензионерите живеат најдобро во Македонија е политичка манипулација. Нашето искуство покажува дека претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски изигрува портпарол на Владата

ИМА РАЗЛИКА И ЗА ТЕПАЧИТЕ
Четворица опозициски симпатизери добиле условни пресуди поради обидот да упаднат на седницата на Општина Центар кога се менуваа имињата на улиците. А за инцидентот кога вмровци ја кршеа општината за да ја одбранат црквата „Св. Константин и Елена“, нема ниту истрага, ниту судење

ОЗНА ЗАГУБИ ОД ЈОЛЕВСКИ
Станарите во зградата порано сопственост на ОЗНА, меѓу Владата и Градскиот парк, го загубија правото за користење на дворот, кој се припои кон соседната зграда каде што стан има сопругата на министерот за одбрана Зоран Јолевски. Случајно или намерно?

БОМБАТА НА ЗАЕВ ПРОТИВ БОНБОНИТЕ НА ГРУЈО
Да се обидеш да ја собориш власта на Груевски со афери кои ќе докажат колку е корумпирана, како местела избори, како ги предала и продала македонските национални интереси, е идентично залуден труд како трудот вложен при обидот во вода да удавиш риба

 

Колумнисти:

Џелал ХОЏИЌ
Кога еден мој роднина се селеше од Македонија, покрај личните работи, имаше и една торбичка со лекови, во која имаше и слика на Груевски. На мое прашање, зошто му е сликата, ми одговори: А, па и неговата слика ми е лек

Ана ПАНОВСКА
Тиквата нека си ја носат на рамена тие што ја изгубиле главата − што од страв од мислење, што од страв од власта и полит-комесарите, што од мрза, што од покондиреност, сеедно

Џабир ДЕРАЛА
Ви пишувам само неколку часа по еден телефонски повик… Потресен сум, тажен. Ги откажав сите мои ангажмани. Застанав пред белиот бескрај на овој свет и ги изгубив видот и слухот. Тишина… Мојот другар Игор Исаковски почина

Синоличка ТРПКОВА
Студентите рекоа дека ова е само почеток. Тоа што е извесно е дека нивниот марш беше всушност – демарш, за сите креатори и робови на црно-белиот свет, кој таму некаде на хоризонтот почнува да испарува

Рамадан РАМАДАНИ
Се изгубија при масовните протести на студентите. Иако имаше орбански медиуми, мораше севернокорејски да се исклучи интернетот и мобилната телефонија на еден оператор