1001

by Фокус

СТУДЕНТИТЕ СИ ЈА СФАТИЈА РАБОТАТА ЕПТЕН СЕРИОЗНО
Прашањето што ќе си го постават на Илинденска ќе биде „каде згрешивме“? Одговорот лежи во искреноста во пристапот кон реформите, чија цел не беше да се создаде поквалитетно образование, ами да се урниса црвената професорска буржоазија и на нејзино место да се постави нова, преродбеничка.

ЦРВЕН КАРТОН
9.000 студенти и средношколци во средата излегоа и гласно кажаа „не“ на воведувањето екстерно тестирање на факултетите. Студентите рамо до рамо со своите професори и средношколците, маршираа со кренати индекси и успеаја да го положат испитот на зрелоста

ФАМИЛИЈАТА СЕ КРИЕ ЗАД КОНДОМИНАС ЗА ДА ЗГРАПЧИ МИЛИОНИ
Во ексклузивниот разговор за „Фокус“ поранешниот шеф на Државната безбедност, Слободан Богоески кој е осуден на 2 години затвор, открива кој и што се крие зад аферата „Агент“, во која Фамилијата наводно ги штити интересите на грчкиот бизнисмен Кондоминас, а всушност сака да ограби 30 милиони евра од буџетот на РМ

ДИЛЕТАНТСКА ФОРЕНЗИКА
Ако сака сериозна истрага за тајната работилница за пасоши, МВР треба да се позанимава со ликовите на тие за кои биле наменети патните исправи, а не да ја политизира аферата со смешни образложенија

ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА
Во Македонија опозицијата е веќе загрозена категорија. Медиумите ја бојкотираат, полицијата ја исфрла од парламентот, груевци ја тужат и за прашања. Ама, кај нас, и детето од бајката на Андерсон што обзнанило „Царот е гол“ би било осудено за клевета

ФИНАНСИСКИ ТРИАГОЛНИК
Како пари од „Фершпед“ се одлевале кон фирмата – „Триаголник ТРЕЈД“ порано во сопственост на еден од синовите на Штерјо – Драган Наков, кој воедно е најголем акционер и член на Управниот одбор на „Фершпед“

ОХРИДСКА ЈАГУЛА
Откако доскорешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески падна во мрежата на власта, се појави сомнежот за тоа дали навистина се расчистува со криминалот или, пак, станува збор за уште една партиска пресметка

ПРАЗНА ТЕЗГА
Лојалноста на потчинетите кои се способни да му помогнат да остане на власт, Груевски ја купува со пари. СДСМ нема пари ниту да ја осигури лојалноста на способните, ниту, пак, да го финансира оспособувањето на своите лојални приврзаници

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Денешниот патриотизам во интерпретација на ВМРО-ДПМНЕ има основа во опојните, но празни соништа на значајна група наши интелектуалци и експерти, кои му наметнуваат инвалидизирана национална свест на македонскиот народ и упорно го водат кон пораз

Синоличка ТРПКОВА
Изгледа не ја разбираме слободата. Имаме читано, слушано, пишувано и зборувано за неа, а многумина од нас (се колнат) и ја виделе. Ама ретко кој денес овде живее слободно.

Рамадан РАМАДАНИ
Не можев да претпоставам дека власта сама на себе ќе си го направи грбот мек, како мевот. Иако претпоставувавме дека ќе продолжат сами да ги бараат бомбите на Заев, не можевме да знаеме дека и самите ќе почнат да си ги фрлаат