1000

by Фокус

ОД НИКОЛА ДО НИКОЛА… ИМА РАЗЛИКА!
Делото во кој е вграден духот на Никола Младенов ги преживува најтешките денови токму за времето на еден друг Никола. Има разлика, додека едниот се бореше за „општество на слободни луѓе, кое нуди еднакви шанси за сите“, другиот е посветен да станеме „збирштина од безрбетници“

КАКО ЈА ПОЧНАВМЕ БИТКАТА
Од самиот почеток, „Фокус“беше демократска платформа, плуралистички мозаик на мислења, инка за обесправените, слабите, понижените, крик наспроти моќта, збеснатата власт и теророт на политичката и олигархиската мафија

ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ДЕКЛАРИРАШЕ ЗА ДРЖАВНИК, МЛАДЕНОВ ЗА ПРИВАТНИК
Игор Стевковски – Стевац веќе 11 години го црта стрипот во „Фокус“. Од 2003 година, низ неговите уметнички раце поминале ликови на многу политичари од власта, опозицијата, бизнисмени, лекари, професори, луѓе кои со своите постапки заслужиле да се најдат на сатиричните страници на весникот

ЕРГЕЛА НА МАФИОТИ
Периодот од 1999 до 2001 година не беше искористен Македонија да се претвори во пристојно место за живеење. Оваа шанса најмногу ја прокоцкаа Георгиевски и Црвенковски, кои во еден од постарите текстови во „Фокус“ беа нострифицирани како „власта на Бранко Георгиевски“

МВР ЈА СПРЕЧУВА ИСТРАГАТА
Сите изјави на претставниците на МВР за скандалот со тајната фабрика за пасоши се обидуваат да ги минимизираат доказите, да го обезвреднат видеоматеријалот и фотографиите и да му припишат опозициска монтажа

ЖИВА ВИСТИНА
Градското погребно претпријатие во Скопје се приватизираше, а подоцна се подели на три акционерски друштва. Ожалостените семејства постојано обвинуваат дека погребот ги чини ѓавол ипол. И покрај тоа, официјалните податоци кажуваат дека друштвата главно работат во загуба

ГРУЈО И ГРУЈОВИНАТА
Треба да се убедат сите потребни глувци дека бродот навистина многу скоро ќе потоне и дека за нив има место на новиот брод, под нов капетан и нов екипаж, само ако се префрлат на време

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Имам впечаток дека со разни манипулации и идиотски конструкции, со лажен патриотизам што го води народот во пораз, се настојува да се освои или да се одржи власта во оваа земја, што може да доведе до трагични последици

Џабир ДЕРАЛА
Како и секогаш, редакцијата ми дава потполна слобода да изберам тема, ризикувајќи преклопување на темите. Но, тоа е уште една од убавите страни на овој неделник – духот на слободата во секоја смисла на зборот. Во мојата соба ноќва, додека пишувам, не сум сам…

Синоличка ТРПКОВА
Зошто народот би нѐ слушал баш нас, и што е тоа што ние имаме да му понудиме? Ние сме обични „комуњари и преваранти“, кои сакаат да им го земат лебот од устата на граѓаните, да ги стрмоглават во неизвесност. Прашајте ја власта, ако не им верувате на граѓаните!

Рамадан РАМАДАНИ
Жалното во оваа приказна е болно како во тажна драма, колку и да биде убав крајот, тој, сепак, ќе биде тажен: по толку штанцање наши пасоши, сепак ќе побегнат со странски