Весковски: Нула отпад во Карпош

by Фокус

Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнувањe на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, истакна кандидатот на СДСМ за градоначалник на Карпош Душко Весковски.

-Наша заложба ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина. Еден од нашите главни приоритети е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни претпријатија и општествено одговорните компании, нашата политика е Карпош да прерасне во општина со „нула отпад“ – рече Весковски.

Поврзани новости