538
Стевче Јакимовски и неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Општина Карпош за неверојатни 10 и пол милиони евра, истакна Душко Весковски, од организацијата на СДСМ во Карпош.
-Од официјалните извештаи на Општината и завршните сметки може да се види дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра! Непознато е каде отидоа овие пари, кога изминатата година не е изграден ниту еден објект од интерес на граѓаните. Но затоа, само за ставката „репрезентација“, Јакимовски потрошил 140 илјади евра во 2015 и 2016 година, односно по околу 20 илјади денари дневно за гозби и ручеци од џебот на граѓаните – обвини Весковски.