Гаши: ДУИ се уште е во игра со ВМРО

by Фокус

Ние сме уверени дека ДУИ се уште е во игра со ВМРО-ДПМНЕ, а секојдневното менувањето на нивните ставови е сериозен индикатор за тоа, изјави генералниот секретар на БЕСА, Африм Гаши, во интервју за емисијата 360 степени на Алсат.

– Во една телевизиска емисија изјавува (Али Ахмети) дека без ВМРО не може да се решпи кризата, а за два часа оди во седиштето на СДСМ и вели дека ќе започне процедура за избор на претседател на собранието. Тие се толку конфузни и нејасни – рече Гаши.

Тој порача дека во идната влада нема да прифатат на позиции да дојдат инкриминирани лица од ДУИ, но и блиски луѓе до овие луѓе.

Поврзани новости