Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци

by Fokus

Бирото за судски вештачења го информирал Основниот кривичен суд Скопје дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за  сообраќајната несреќа кај село Ласкраци, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот со сите списи ќе биде вратен на понатамошно постапување.

-Бирото за судски вештачења до Основниот кривичен суд Скопје достави известување во однос на супервештачењето за предметот со К.бр. 1407/09 поврзан со сообраќајната несреќа кај село Ласкраци во кое наведуваат дека: „Тимот на вешти лица задолжен за конкретниот наод, во изминатиот период по добивање на предметот извршиле увид во доставените списи, направиле анализа во претходните вешти наоди и мислења, анализа на исказите на вештите лица дадени на главна расправа и нивните појаснувања, а најповеќе на неспорните и неспротиставени околности во претходно изготвените вештачањеа како и на околностите на кои вештите лица не се согласуваат во претходните два наода, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.

- Advertisements -

Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилот, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило,  побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот.

Од Бирото го информирале Судот дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото, ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот, со сите списи, ќе биде вратен на понатамошно постапување.

-Во однос на известувањето, надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетените во постапката кои беа присутни во судот и ги извести дека до следната расправа насрочена за 20– ти декември, се уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Поврзани новости