Владата го поништи државјанството на Онишченко

by Fokus

Владата на Република  Македонија на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република  Македонија.

„Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија“, велат оттаму.

Поврзани новости