Вештакот Аксентиев: Причина за несреќата кај Ласкарци е отсуство на внимание кај возачот

by Fokus

Вештакот Драган Аксентиев денеска сведочеше за катастрофалната автобуска несреќа која се случи кај Ласкарци минатата година.

Како што истакна тој, на возачот на автобусот нешто му го одзело вниманието, па потоа немал време да ја поправи грешката.

„Причина за случувањето на несреќата е отсуство на внимание на возачот во корелација со брзината од 99 километри на час. На таков начин возачот се довел во ситуација да не го одржува автобусот во стабилно и континуирано движење, така што го насочил во лево и преминал на спротивната лента од автопатот“, истакна Аксентиев.

Извор – 360 Степени.

Поврзани новости