358
Зоран Верушевски, поранешниот шеф на управата за контраразузнавање на денешното судско рочиште изјави дека не го дава оружјето.
Според воведните зборови, обвинителството има докази за недозволено поседување на оружје. Откако обвинителството го презентираше доказот, Верушевски изјави дека тое е оружје на МВР кое нему никој не му го има побарано цели 30 години.
Два пиштола беа пронајдени при претрес на неговиот дом. Според адвокатот на Верушевски едниот му е подарок – награда на полициската служба, а МВР тврди дека тој не поседува дозвола за оружјето.
Покрај овој случај Верушевски се терети и за случајот „Пуч“, во кој е првообвинет и заедно со Зоран Заев се теретат за шпионажа.