Како Основен суд Скопје 1 – Скопје сметаме дека е не коректно од посочените медиуми да објавува непотврдени информации поврзани со конкретна одлука на судот, без оглед како дошле до тие информации и дали истите се точни или не, а воедно воопшто не се обратиле до судот за да ги проверат инфомрациите кои ги објавуваат.
Исто времено заради екслузивитет и сензација се впуштаат во дополнителни шпекулации објавувајќи и дека одреден судија кој одлучувал во конкретниот предмет бил прераспределен поради донесената одлука, дотолку повеќе што одлуката за прераспределба е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016 година уште минатата недела, а одлуката по наведениот предмет сеуште не е донесена односно како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, Кривичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за докомплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука.