Велосипедско дефиле во Скопје, и министерот Макрадули ќе се качи на две тркала

by fokus

Во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година, денеска во Скопје ќе се одржи велосипедско дефиле.

Велосипедистите ќе тргнат од Порта „Македонија“ и ќе возат до Школка во Градскиот парк, каде ќе следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

На велосипедското дефиле ќе се приклучи и министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Настанот е организиран од страна на Град Скопје, се поддршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Прв до врв“.

Поврзани новости