597
Велосипедизмот како спорт се повеќе зема замав во Македонија, а друштва на велосипедисти секојдневно ги истражуваат убавите планински предели на нашата држава.
Во текот на вчерашниот ден, велосипедистите Никола Андоноски и Елена Ѓорѓиевска, спасија куче, кое било оставено без храна и вода на патот кон езерото Козјак.
Тие во меѓувреме бараат вдомувач на ова куче, со цел истото да не остане на улица, со оглед на тоа што доаѓаат ниски температури.
Фото – Елена Ѓорѓиевска