634
68-годишна жена од Биљановце, кумановско се здобила со тешки телесни повреди откако 18-годишно момче од истото село удрило со велосипед во неа.
„На 09.10.2018 година во 19,15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Народна револуција“ велосипед управуван од М.К.(18) од с.Биљановце-кумановско, удрил во пешакот Ј.Б.(68) од Куманово. Со тешки телесни повреди се здобила Ј.Б., која била пренесена во Ургентниот центар во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.