120
Велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пешачка патека под средно денеска околу 15 часот, соопшти Центарот за управување со кризи.
По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата, а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека.
Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.
-Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки, велат од ЦУК.