426
Довчерашниот директор на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, кој беше разрешен од оваа функција поради злоупотреба на службен џип, ќе биде началник на Одделот за борба со организиран криминал во рамки на Министерството за внатрешни работи.
-И кога побарав да биде разрешен истакнав дека човекот е од полицијата. Несомнено има потенцијал, стручен и компетентен, кој треба да се искористи – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Инаку, Велковски беше разрешен откако службениот џип доверен од МВР заврши во Грција во летен камп управуван од неговиот телохранител, кој превезувал член на неговото семејство.