Започнаа да пристигаат парични награди за Марко: 100.000 денари од ,,Витаминка’’ за гордоста на Македонија!

by fokus 17:56
17:56

Откако вчера му беше доделена стипендија и парична награда од 100.000 денари на малиот Марко Пејчиноски, од страна на Агенцијата за млади и спорт, денес тој доби уште една парична награда од ,,Витаминка’’ АД Прилеп.
Станува збор за сума од 100.000 денари, која Марко и неговото семејство ќе можат да ја искористат како сакаат.

-Потребна е финансиска помош за Марко да има голема иднина пред себе. Кон оваа иницијатива е важно да се приклучат што е можно повеќе компании, за да се креира вистинска поддршка за надежниот млад пливач – велат од ,,Витаминка’’.
Марко ја воодушеви јавноста со својот подвиг, кога пред три дена на свои 12 години успеа да го преплива Охридското Езеро.

- Advertisements -

И претседателот Иванов, кој вчера се сретна со Марко во Вила Билјана во Охрид, порача дека треба сите безрезервно да го поддржиме и да помогнеме во неговиот натамошен спортски развој.

ФОТО: Охрид Њуз

Вики Клинчарова

Поврзани новости