Пратеникот на СДСМ Диме Велковски реагираше кон односот на колегата од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, кој оддржа испорача критики кон премиерот Зоран Заев, меѓутоа на крајот не постави пратеничко прашање.
-Според член од 37 од деловникот, пратникот има право на членови на влада и носители на јавни функции да им постави прашање за нивната работа и надлежност, прашањето треба да биде кратко и прецизно. Пратеникот мора да означи кому му го упатува прашањето. Ова сценарио да говорите и да не дозволите да се даде одговор, не треба да го правите – рече Велковски, додавајќи дека цела влада е на располагање да одговара на прашања.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, рече дека поставувањето на пратеничкото прашање е право кое, според него, не мора да се искористи.