Вештак на судењето за “Дурмотурс”: Брзината на автобусот со манипулаторот се намалувала за 15 проценти

by fokus 12:12
12:12

Професорот Јосип Ќосев од Електротехничкиот факултет кој го вештачел тахографот, апарат кој ја прикажува брзината со која се движел автобусот на “Дурмотурс” кој излета кај Ласкарци, на денешното рочиште потврди дека на тахографот имало вградено уред за манипулација на брзината.

Тој ова го докажал со неколку експерименти, еден од нив го направил во сервис за тахографи и утврдил дека манипулаторот ја намалувал брзината на движење за околу 15 проценти. Тахографот покажувал дека автобусот се движел со брзина 86 километри на час, а реалната брзина била 99 километри на час.

- Advertising -

-Дефинитивно некој свесно го направил тоа, го вградил манипулаторот за да постигне намалување на брзината, тврди професорот.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости