Велјаноски: Референдумот од 1991 година е наша најголема победа

by Фокус

Референдумот од 8 септември 1991 година е нашата најголема современа победа, а изразената волја на граѓаните претставува заокружување на стремежите, принципите и сонувањата на генерациите од двата Илиндена.

Ова го истакна претседателот на Собранието Трајко Велјаноски на свечениот прием вечерва во пресрет на празникот „8 Септември“ – Денот на независноста на РМ, на кој присуствуваа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, пратеници и министри, претставници на верските заедници и на дипломатскиот кор…

– Денес поради нас самите и евроинтегративните процеси, продолжуваме со реформите. Повторно е потребно политичките разлики да се подредат на клучните државни прашања. Нема поголема причина за единство, од Македонија и од иднината на нашите граѓани – рече Велјаноски.

 

Поврзани новости