550
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за два денари, а цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари за литар.
Воедно, се намалува и цената на мазутот, која ќе изнесува 19,9 денари за килограм.