Следната недела во Велика Британија се случуваат промени кои би можеле да резултираат со доживотен затвор на возачите кои убиле некого во возило. Промените стапуваат на сила во вторник.
Би-би-си пишува дека судиите ќе можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и алкохол. Максималната казна за оние кои кријат сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години.
„Одговорните сега ќе се соочат со можноста да живеат зад решетки“, изјави британскиот министер за правда Доминик Рааб.
Според новиот закон тешко кривично дело е нанесувањето телесни повреди со несовесно возење. Тоа значи дека возачите кои некому ќе нанесат долготрајни или трајни повреди ќе бидат казнети и со построги казни. Предложената измена на законот првпат беше објавена во 2017 година.
Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.
„Премногу животи се изгубени поради несовесно однесување зад воланот. Семејствата се уништени“, рече министерот Рааб.