Принцот Чарлс примил торби со три милиони евра од Катарски шеик

by Fokus

Принцот од Велс прифатил торби во кои имало милиони евра во готовина за време на состаноците со висок катарски политичар, се вели во извештај oбјавен во „Сандеј тајмс“.

Се тврди дека на принцот Чарлс му биле дадени вкупно 3 милиони евра на средбите со шеикот Хамад бин Џасим бин Џабер Ал-Тани, поранешниот премиер на Катар.

Готовината му била предадена на наследникот на британскиот трон во куфер во една прилика, во чанта во друга пригода, како и во кеси на „Фортнам &Мејсон“, стоковната куќа која има кралски налог за снабдување на домаќинството на принцот со намирници. Се тврди дека предавањата се случиле за време на состаноци меѓу принцот и премиерот, вклучително и приватна средба еден на еден во неговата резиденција Кларенс хаус во 2015.

Во соопштение, портпаролот на Кларенс хаус рече дека парите дадени за време на состанокот во 2015 „веднаш биле предадени на една од добротворните организации на принцот која ги исполнила соодветните договори и не увери дека се следени сите правилни процеси“.

 

Поврзани новости