Британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој и поранешен премиер Дејвид Камерон објави дека на „екстремистичките израелски доселеници (на Западниот Брег)“ ќе им биде забранет влезот во Обединетото Кралство.
Во објавата на платформата X, Камерон нагласи дека со таргетирање и убивање на палестински цивили, овие доселеници ја поткопуваат безбедноста и стабилноста и на Израелците и на Палестинците.
Поранешниот премиер нагласи дека Израел мора да преземе посилни мерки за да го запре насилството, а сторителите мора да одговараат за злосторствата.
Extremist settlers, by targeting and killing Palestinian civilians, are undermining security and stability for both Israelis and Palestinians.
Israel must take stronger action to stop settler violence and hold the perpetrators accountable.
We are banning those responsible for…
— David Cameron (@David_Cameron) December 14, 2023
„Ние им забрануваме на одговорните за насилството со мигрантите да влезат во Обединетот Кралство за да се осигураме дека нашата земја не може да биде дом за луѓето кои ги извршуваат овие ужасни дела“, напиша Камерон на X.