Техничкиот премиер Оливер Спасовски истакна дека на денешната владина седница е донесена одлука за ограничувањата на движењето за период којшто претстои, вклучително и велигденските празници.
„За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани. Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден – напиша Спасовски.
Дополнително, од четврток 16 април, 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.