Во Дебар нема нови случаи, ќе се прави тестирање на 20-30 проценти од населението, вели Филипче

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се прави скрининг на населението во Дебар и Центар Жупа, со оглед на тоа што таму веќе извесен период не се дијагностицираат нови пациенти.

„Добивме донација од 20.000 тестови за дијагностика на антитела и со оглед на ситуацијата што во Дебар нема новодијагностицирани, сите пациенти закрепнуваат, ги чекаме и вторите тестови за да видиме дали тие дијагностицирани пациенти се негативизирани. Ќе направиме еден скрининг во бројка од 20-30 посто од вкупното население во регионите каде имаше мерки во смисла на рестрикции на движење воведени пред вонредната сосотјба, со што сакаме да направиме скрининг на населението и да се процени имунитетот. Тоа ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг согласно времето на епидемијата“, – истакна Филипче.

 

Поврзани новости