Велигденска честитка на Пендаровски: Да останеме совесни до завршување на имунизацијата

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски во велигденската честитка им посака на православните христијани празничните денови да ги поминат во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов.

„Велигден како празник на надежта ги исполнува срцата со топлина, а мислите со оптимизам и верба. Да шириме љубов и добра мисла и да му се радуваме на животот. Нека постојано со нас биде присутна дарежливоста, добродушноста и искреноста. Како што Христијанството би било празно без христовото воскресение така би биле празни и нашите животи без љубов, сочувство, морал, споделување и благодарност. После повеќе од една година живот во пандемија која го загрозува здравјето и предизвикува економска пустош се наѕира крај на голготата со која се соочува целото човештво. До завршувањето со имунизацијата да бидеме совесни и одговорни“, се вели во честитката на Пендаровски.

Поврзани новости