Заев: Во овој период на пандемија, да празнуваме како одговорни граѓани

by Фокус
Премиерот Зоран Заев, по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден, порача дека во време кога целиот свет поминува низ тешки премрежија предизвикани од коронавирусот КОВИД-19, денешниот празник не потсетува на, како што вели, потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.
„Во наше изменето современие, научивме дека Велигденските денови се можност да се свртиме кон себеси и кон нашите најблиски, да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг. Во овој период на пандемија, да празнуваме како одговорни граѓани, а Велигден, како празник на надежта, да донесе благосостојба, радост и сплотеност во нашите домови. Опкружени со љубов, но и со надеж за подобрите денови кои доаѓаат, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби, без омраза, без конфликти“, стои во честитката на Заев.

Поврзани новости