Претседателот на ЛП, Ивон Величковски се обрати до амбасадите на САД и ЕУ во Македонија, посочувајќи им дека премиерот Никола Груевски мора да си поднесе оставка како прв чекор во решавањето на политичката криза.
-Сметаме дека по целокупниот развој на политичката криза деновиве, оставката на Груевски мора да следи заедно со негово целосно повлекување од политиката, што ќе овозможи неговата партија да стане партнер во политичките процеси наместо пречка на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и во регионот, пишува во соопштението на ЛП.
Либералната партија постави и неколку услови што лидерските средби треба да ги дефинираат за новата „преодна“ Влада. Меѓу нив се попис, прочистување на избирачкиот список и нов изборен модел за избор на пратеници со една изборна единица и отворени листи.